Transcript HPLC-5

ВИСОКО ПРИТИСОЧНА
ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА
или
„HIGH PERFORMANCE
LIQUID CHROMATOGRAPHYHPLC„
Вовед




Високопритисочната течна хроматографија (HPLC) е тип на
течна хроматографија што се употребува за раздвојување и
идентификација на компненти од смеса што можат да се
преведат во течен раствор.
HPLC инструментите се состојат од резервоар за мобилната
фаза, пумпа, инјектор, колона за сепарација и детектор.
Компнентите од дадена смеса се сепарираат преку
инјектирање на примерокот (смесата) во колоната.
Различните компоненти присутни во смесата се
задржуваат во колоната различно време поради
разликите во нивните коефициенти на партиција т.е.
поради нивниот различен афинитет кон мобилната и
стационарната фаза.
Мобилната фаза (растворувачот што ја носи смесата низ
колоната) треба да биде ослободен од гасовите растворени во
него со цел да се отстрани формирањето на воздушни меури.
Приказ на еден HPLC
инструмент
Место за инјектирање
на примерокот
резервоари
растворувач1
дегасификатор1
растворувач2
дегасификатор2
Вакуум
пумпа
Предколона
Колона за
сепарација
Високопритисочна пумпа
детектори
Контејнер за
собирање на
отпад
Контејнер за собирање
на факциите
Состав на хроматографскиот систем
кај течната хроматографија
колона








растворувач
Стационарна фаза
Регистер на
детектор
пумпа со чија помош се движи
сигнал (принтер)
растворувачот низ системот
........................
инјектор
примерок за анализа
колона за сепарација
детектори
контејнер за собирање на отпад
уред за регистрација на сигнал (принтер)
Слика на еден HPLC
инструмент
Инјектори во HPLC

Функцијата на инјекторите е да го уфрлат примерокот
за анализа во простор каде што има висок притисок.
Притоа, треба да се внимава уфрлувањето на
примерокот во системот т.е. во колоната да
биде хомогено и да не дојде до несразмерно
распрскување на примерокот низ колоната. На
тој начин би се добиле гречни резултати.

Кога процесот на инјектирање ќе започне, тогаш се
отвора еден воздушен вентил, при што течниот
растворувач ќе почне да навлегува директно во
колоната.
Инјектори во HPLC
Колони во HPLC

Колоната е најбитниот
дел од секој HPLC систем,
бидејќи процесот на
раздвојување на
компонентитењ од
смешата се случува токму
во колоната. Колоните во
HPLC се направениод
нерѓосувачки челик,
дизајнирани се во форма
на туби со дијаметар од 3
до 5mm и должини од10
до 30cm.

Обично колоните се
наполнети со силикагел
(стационарен носач) бидејќи
оваа сусптанца е најпогодна
за хомогено полнење и за
раздвојување на голем број
супстанци. Неговата голема
допирна површина
овозможува овој носач да се
модификува со разни
растворувачи. На тој начин
се прави соодветна
стационарна фаза.
Слика на една HPLC колона
Од кои услови зависи
ефикасноста на системот?
Параметри на
колоната




Материјалот на
колоната
Потенцијалот за
деактивација
Типот на
стационарната фаза
Типот на материјалот
за прекривање на
стационарната фаза
Инструментални
параметри



температурата
Брзината на протокот
детекторот
Најчести типови на колони
а според тоа и типови на течна
хроматографија

нормална

реверзна

гел

Јонско изменувачки
Нормални колони
Кај овој тип на колони задржувањето на
примерокот врз стационарната фаза е
водено од интеракциите помеѓу
поларните делови на стационарната
фаза и на компонентите од смешата.
 За да ретенцијата (задржувањето) на
компонентите од смешата врз
стационарната фаза биде изводливо,
пакувањето на стационарната фаза
мора да биде со поголема поларност
одошто поларноста на мобилната фаза

Силикагел
Реверзни колони


Кај овие колони, материјалот од
стационарната фаза е релативно неполарен,
додека пак растворувачот е повеќе поларен
во однос на примерокот што се анализира.
Ретенцијата кај овие колони е како резултат на
интеракција на неполарните компоненти од
смешата со неполарните делови од стационарната
фаза. Вакви стационарни фази се
неполарните јаглеводороди, восочни
течности и сл., додека поларни растворувачи
како мобилна фаза се вода, метанол,
ацетонитрил, или комбинација од овие
растворувачи
РЕВЕРЗНА ХРОМАТОГРАФИЈА
Гел колони

Овие колони се состојат од супстанци
што имаат дефинирана големина на
пори, така што молекулите на
компонентите од смесата може да
бидат „филтрирани„ низ овие гелови
(филтри) спрема нивната разлика во
големината на порите. На тој начин,
малите молекули ќе се задржат во гел
пакувањето од стационарната фаза,
додека големите молекули ќе поминат
скоро непречено.
Раздвојување низ гел колони
Јонско изменувачки колони
Кај овие колони компонентите од
смешата за анализа се сепарираат во
зависност од интензитетот на
нивните интеракции со јонските
делови од стационарната фаза.
 Раздвојувањата обично се вршат
помеѓу поларна мобилна фаза
(обично воден пуфер) и стационарна
фаза што содржи фиксирани
киселински или базни функционални
групи.

Хроматограско раздвојување во
Јонско изменувачки колони
Типови на детектори



Апсорбирачки (UV,
UV со
монохроматори)
IR апсорбирачки
флуоресцентни

Електрохемиски

масени

Фото-диоди
Модели на детектори во HPLC
Апликации на HPLC

HPLC се употребува во хемиските и биохемиските
лаборатории при анализа на комплексни смеси,
запрочистување на сусптанци, при разработка на
методи за синтеза на нови супстанци, при
изолација на природни продукти, во судската
медицина, во фармацијата при синтезата на
лекови, во индустријата за храна и сл.

HPLC се употребува и за анализа на воздухот и
загадувачите на водата, за следење на материјали
што можат да влијаат врз здравјето и околината,
како и за определување на нивото на пестициди
во почва, вода и во голем број на разновидни
прехрамбени продукти. Се употребува и за
анализа на наркотични средства и опојни дроги.
Практични проблеми
-ако
имаме смеса од поларни и неполарни компоненти,
Каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме?
-ако имаме смеса од компоненти што имаат различна
големина на честичките,
каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме?
-ако имаме јонски компоненти во смешата,
каква мобилна и каква стационарна фаза ќе избереме?