6-Вештачки ѓубрива
Download
Report
Transcript 6-Вештачки ѓубрива
ВЕШТАЧКИ
ЃУБРИВА
-општи поими и дефиниции
Зошто е потребно да се аплицираат ѓубрива врз почвата???
-Како што учевме, со одгледување на одредени култури врз почвите,
доаѓа до осиромашување од одредени хранливи елементи
-Бидејќи процесот на создавање на достапни хранливи елементи
преку процесите во почвата е доста бавен, потребно е преку
апликација на вештачки ѓубрива да се надополнат елементите
што недостасуваат во почвите, а се есенцијални за исхраната на растенијата
Што се вештачки ѓубрива
Дефиниција
Вештачки ѓубрива се сите материјали од природно или
синтетичко потекло што се аплицираат врз почвите со
цел почвата да се снабди со еден или повеќе хранливи
елементи (нутриенти).
Поделба на вештачките ѓубрива:
Спрема НАМЕНАТА: Основни и редовни вештачки ѓубрива
Спрема ПОТЕКЛОТО: Природни и синтетички ѓубрива
Спрема ХЕМИСКИОТ СОСТАВ: Неоргански и Органски ѓубрива
Спрема БРОЈОТ НА ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ што ги содржат:
ЕДИНЕЧНИ и СЛОЖЕНИ
Спрема БРЗИНАТА НА ДЕЈСТВО: ѓубрива со брзо и ѓубрива со бавно дејство
Спрема АГРЕГАТНАТА СОСТОЈБА: ЦВРСТИ и ТЕЧНИ ЃУБРИВА
Кои есенцијални елементи најмногу
им се потребни на растенијата во нивниот развој?
-со тие елементи во исто време се најмногу почвата најмногу осиромашува
НАЈЧЕСТО ТОА СЕ АЗОТ ФОСФОР И КАЛИУМ!!!
Според тоа, СКОРО СИТЕ ЃУБРИВА ШТО СЕ АПЛИЦИРААТ ВРЗ ПОЧВИТЕ
содржат во својот состав
БАРЕМ ЕДЕН ОД ОВИЕ ТРИ ЕСЕНЦИЈАЛНИ ЕЛЕМЕНТИ
Основни и редовни вештачки ѓубрива
Во оваа група спаѓаат сите ѓубрива што треба да се нанесуваат
на почвите (земјиштата) секоја година во периодот после сеењето
Такви ѓубрива се:
-Томасово
брашно (Томасов фосфат)
-Фосфатно брашно
-гипс
-вар
-Компост
-тресет
N-P-K ѓубрива
•Природни и синтетички ѓубрива
Природните ѓубрива се добиени од отпад (измет) на животните
или од распаѓање на растенијата
-такви се шталско ѓубриво, арско ѓубриво, компост,
ѓубриво добиено од измет од птици
Ѓубрива добиени од делови од животни...
Синтетичките ѓубрива се
добиени на комерцијален начинсо преработка и синтеза во
хемиски процеси
•Неоргански и Органски ѓубрива
Неоргански ѓубрива се оние кај кои хранливиот елемент за
растенијата е застапен во НЕОРГАНСКА (МИНЕРАЛНА) ФОРМА
Пример: азотни ѓубрива каде азотот е застапен во нитратна, амонијачна и
амидна форма се неоргански ѓубрива.
N-P-K ѓубривата се неоргански ѓубрива.
Амониум Нитратот е неорганско ѓубриво;
УРЕАТА
Фосфатите се неоргански ѓубрива
Поташата (калиум хлорид) е неорганско ѓубриво
Органски ѓубрива се оние кај кои хранливиот
елемент за растенијата е застапен во ОРГАНСКА
Шталските ѓубрива, арските ѓубрива
Компост, тресет, ...но и голем број
Нови ѓубрива каде хранливите
Материи се во органска форма
(амино киселини, хумински киселини)
се органски ѓубрива
Ѓубрива со брзо дејство и ѓубрива со бавно дејство
Ѓубрива со брзо дејство се сите
азотни ѓубрива што се
Добро растворливи во вода
и сите водорастворливи
Фосфорни ѓубрива
Ѓубрива со бавно дејство се најчесто
P-K ѓубривата и најголем дел од
органските ѓубрива
Цврсти и течни ѓубрива
Во зависност од агрегатната состојба,
ѓубривата може да се поделат на ЦВРСТИ И
ТЕЧНИ
Цврсти ѓубрива
Течни ѓубрива
Цврсти ѓубрива
ЦВРСТИТЕ ЃУБРИВА МОЖЕ ДА БИДАТ
-Ѓубрива
со ЕДЕН ХРАНЛИВ ЕЛЕМЕНТ (единечни ѓубрива)
и
-Сложени ѓубрива
СЛОЖЕНИТЕ ЃУБРИВА МОЖЕ ДА БИДАТ:
-комплексни ѓубрива со повеќе хранливи елементи
-мешани ѓубрива
-ѓубрива што содржат микроелементи
...
ЦВРСТИ ЃУБРИВА
2. Комплексни ѓубрива
1. Цврсти ѓубрива
со
еден
хранлив
елемент-(единечни)
овие
ѓубрива
ги
комплексните
ѓубрива
сосдржат
3. Мешани ѓубрива:
Овие
два
есенцијални
ѓубрива се добиваат
елементи неопходни за
со физичко мешање
исхраната
на
или
три
на
снабдуваат
растенијата, од кои 2
компоненти
растенијата само со
есенцијални
содржат
еден
се
пример
елемент,
или
АЗОТ
или ФОСФОР... Пр.
УРЕА,
сулфат
хлорид
Амониум
калиум
елементи
во
хемиска
комбинација (во форма
на соединение).
Овие
ѓубрива
најчесто се во форма на
гранули.
Пр.
Амониум
фосфат, нитрофосфати
материи.
.
неколку
што
хранливи
Форми во кои доаѓаат цврстите ѓубрива
Цврстите ѓубрива може да дојдат
на пазарот во неколку форми:
• пудра (единечен суперфосфат)
• кристали (амониум сулфат)
• Ситни
гранули
(уреа,
суперфосфат),
• гранули (најголем дел од NPK
ѓубривата)
• супергранули
(супергранулирана
уреа)
• брикетибрикети од уреа).
Urea prills
Ammonium sulphate
Granulated urea
Течни ѓубрива
Течните ѓубрива се ѓубрива во течна агрегатна
состојба што се аплицираат врз растенијата заедно во
фазата на наводнување или посебно се аплицираат
фолијарно, лесни се за ракување, можат да се мешаат
со хербициди, пестициди.
ТИПОВИ НА ЃУБРИВА
Ѓубриво
Азотни
ѓубрива
фосфатни
ѓубрива
калиумови
ѓубрива
комплексни
ѓубрива
Типови на азотни ѓубрива
A. Азотни ѓубрива
повеќе од 80% од ѓубривата што доаѓаат на пазарот се АЗОТНИ
ЃУБРИВА, каде главната хранлив компонента е АЗОТ во форма на
амониум јон, нитрати или во форма на амиден азот.
Типови на азотни ѓубрива
Амонијачни
Нитратни
Амонијачни и
ѓубрива
ѓубрива
нитратни ѓубрива
Амидни ѓубрива
Амониум сулфат Натриум
Амониум нитрат
УРЕА
Амониум хлорид нитрат
Калциум амониум
Калциум
Анхидриден
Калциум
нитрат
цијанамид
амонијак
нитрат
Амониум сулфат нитрат
Калиум нитрат
Типови на азотни ѓубрива
Амонијачни ѓубрива-овие ѓубрива содржат азот во форма на течен амонијак NH3 или во
форма на амониум јон NH4+
•
ОСВЕН ОРИЗОТ, сите други житарици го апсорбираат азотот во
форма на НИТРАТИ (NO3-).
•
Амонијачните ѓубрива се отпорни од промивање (не можат лесно да
се отстранат од почвите преку промивање со вода), бидејќи
амониум јоните лесно се апсорбираат на колоидните честички во
почвите
Типови на азотни амонијачни ѓубрива
a) Амониум сулфат [(NH4)2 S04]
• Сол со бела боја, целосно растврлив во вода, содржи
20.6% азот и 24% сулфур.
•
Се употребува како основно ѓубриво за оризот
•
Лесно се ракува со ова ѓубриво и треба да се чува на
ладни места. Хигроскопно е (да се избегнува влага)
•
може да се аплицира во фазата пред сеењето.
Типови на азотни амонијачни ѓубрива
b) Амониум хлорид (NH4Cl)
• СОл со бела боја, лесно растворлива
во вода, содржи 26.0 % азот.
• НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА
ПАТЛИЏАНИ, ТУТУН и други слични
растенија кај кои може да настанат
оштетувања од ХЛОРОТ.
Ammonium chloride
Типови на азотни нитратни ѓубрива
2. Нитратни азотни ѓубрива
•
овие ѓубрива содржта азот како нитрат, во форма на NO3
• Нитратните јони се лесно подвижни и многу лесно можат
да бидат отстранети од почвите (со наводнувањето).
• Постојаната употреба на вакви ѓубрива може да доведе до
намалување на киселоста на почвите.
Типови на азотни нитратни ѓубрива
b) Калиум нитрат (KN03)
Чистиот калиум нитрат е сол што содржи 13.0 % азот и
36.4% Калиум. Лесно се раствора во вода. Ова ѓубриво содржи и
азот и калиум како хранливи елементи.
.3. Амонијачни и нитратни ѓубрива-Амониум нитрат NH4NO3
Овие ѓубрива содржат азот и во АМОНИЈАЧНА и во
НИТРАТНА ФОРМА. Такво ѓубриво е на пример АМОНИУМ НИТРАТ
NH4NO3. VNIMAVAJ-ОВА ЃУБРИВО Е ЕКСПЛОЗИВ!!!
Лесно се раствора во вода
Во нападот на
Федералната зграда
Во Оклахома
Во 1995 година беше
Употребен амониум нитрат
160 жртви-камион со амониум
Нитрат направил пекол!!!
Типови на азотни нитратни ѓубрива
a) Калциум нитрат [Ca (NO3)2]
е бела кристална супстанца,
ХИГРОСКОПНА
(лесно
апсорбира
вода), лесно се раствора во вода,
содржи 15.5% Азот и 19.5% калциум
Калциумот е добар за поддесување на
рН
на
почвите-при
процесите
на
калцизација
Calcium nitrate
Типови на азотни нитратни ѓубрива
b)
Калциум
амониум
нитрат
(CAN)-
CaNH4(NO3)3
• е слабо кафеава сол, може да биде и сива,
лесно се раствора во вода, содржи 26% азот.
• Оваа сол е неутрална, може да се аплицира и
на кисели почви.
.
• 50% од вкупниот азот во ова ѓубриво е во
амонијачна, а 50% во нитратна форма
Типови на азотни нитратни ѓубрива
C) Амониум сулфат нитрат [(NH4)2S04 NH4NO3]
• Содржи 26% азот, од кои ¾ се во амонијачна форма, а остатоткот
од 6.5% е во нитратна форма.
• Ова ѓубриво е мешавина од амониум нитрат и амониум сулфат.
• Ова е хигроскопно ѓубриво, лесно апсорбира влага и мора да се
чува во контејнери што не апсорбираат влага.
•Може да се употреби во фазата на сеењето.
•Погодно е за голем број житарици
Типови на азотни амидни ѓубрива
а) Калциум цијанамид (CaCN2)
• Калциум цијанамид или нитролим содржи 20.6% азот.
• ова е сивкаст прав, што кога се додава во почвите се
конвертира во амонијак, лесно се раствора во дода.
Може да се добие од калциум оксид
(негасена вар)
Со третирање со активен
јаглен на високи температури
Типови на азотни амидни ѓубрива
4. Амидни вештачки ѓубрива
Амидните вештачки ѓубрива се лесно растворливи во вода и
лесно се распаѓаат во почвите.
a) УРЕА [CO (NH2)2]
УРЕАТА Е НАЈКОНЦЕНТРИРАНО цврсто азотно ѓубриво што
содржи 46% АЗОТ.
Уреата е бела кристална супстанца што лесно се раствора во
вода.
УРЕА
Уреата се користи скоро за
Сите житарици
Се користи како ѓубриво за
Прихрана со АЗОТ
Во периодот на вегетација
ФОСФАТНИ ЦВРСТИ ЃУБРИВА
СУПЕР ФОСФАТ [Ca (H2PO4)2)
Ова ѓубриво е во најголема употреба од сите фосфатни ѓубрива
Содржи 16% фосфор во форма на P2O5 во форма што е
достапна за растенијата.
Доаѓа на пазарот во форма на сивкаста пудра или гранули, лесно
е за манипулација и за складирање.
Фосфатните ѓубрива тешко се движат во почвата бидејќи тие се
апсорбираат во зоната на корените
ФОСФАТНИ ЦВРСТИ ЃУБРИВА
ТРОЕН СУПЕРФОСФАТ:
Концентрираниот СУПЕРФОСФАТ се нарекува ТРОЕН СУПЕРФОСФАТ.
Ова ѓубриво содржи 46% ФОСФОР во форма на P2O5.
ОВА ЃУБРИВО Е ПОГОДНО ЗА СИТЕ ПОЧВИ И ЗА СИТЕ РАСТЕНИЈА!
Ако се аплицира врз кисели почви, треба да се аплицира заедно со
арско ѓубриво.
Може да се аплицира и пред и за време
на сеењето.
ЦВРСТИ КАЛИУМОВИ ЃУБРИВА
Најчести типови на ѓубрива на база на
калиум-K
Материјал
Калиум хлорид
Хемиска
Содржина на K2O
формула
(%)
KCl
60
Калиум-магнезиум сулфат K2SO4-2MgSO4
20
Калиум нитрат
KNO3
44
Калиум сулфат
K2SO4
50
ЦВРСТИ КАЛИУМОВИ ЃУБРИВА
a) Калиум Хлорид (KCI)
• Калиум хлорид се нарекува и ПОТАША е беле-до-црвеникава
кристална супстанца лесно растворлива во вода, што содржи
60.0% Калиум во форма на K2O.
•
Целосно се раствора во вода и е достапен за сите житарици.
•
Бидејќи лесно се апсорбира врз колоидните честици, не се
губи од почвите.
•
Може да се аплицира за време на сеењето, но и пред
сеењето.
ЦВРСТИ КАЛИУМОВИ ЃУБРИВА
b) Калиум сулфат (K2S04)
• Се вика и СУЛФАТНА ПОТАША, е бела кристална сол што
содржи 48% K2O.
•
Целосно се раствора во вода и е достапен за сите
житарици.
•
Калиум сулфат е неутрална сол и нејзината апликација врз
почвата не доведува до закиселување или алкалирање на
почвите
Погоден е за култури како тутун, компири и сл.,
•
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО СЕКУНДАРНИ ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
E. МАГНЕЗИУМОВИ ЃУБРИВА
a.
Најчесто
ваквите
ѓубрива
содржат
некои
водо-
растворливи соли на магнезиум
Магнезиум сулфат (MgSO4)
Количината на овие ѓубрива што се аплицира врз почвите
зависи од количината на употребените калиумови ѓубрива.
Колку количината на калиумови ѓубрива е поголема, толку се
намалува потребата од апликација на магнезиумови ѓубрива..
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО СЕКУНДАРНИ ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
b. Цврсти ѓубрива што содржат КАЛЦИУМ
Овие ѓубрива содржат калциум во форма на калциум катјон
('Ca2+).
ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ПОДГОТОВКА НА Сите КАЛЦИУМОВИ
ЃУБРИВА Е ВАРОВНИКОТ-СаО
Калциум хлорид (CaCl2 6H2O)-бела кристална супстанца
Содржи најмалку 15% калциум-добро растворлив во вода.
-Може да се употребува како ѓубриво за фолијарна намена.
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО СЕКУНДАРНИ ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
c. Сулфатни ѓубрива
Овие ѓубрива содржат СУЛФУР како секундарен хранлив
елемент во форма на сулфатни анјони (SO42-).
Потребите на растенијата од сулфур се околу 2/3 од потребите за
фосфор.
Сулфурот најчесто доаѓа како сулфат во разни N, P K ѓубрива.
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
D. Ѓубрива со микроелементи
Во денешно време е се поголема потребата за употреба на
ѓубрива што содржат микрохранливи елементи, поради нивните
вани функции како коензими во физиолошките процеси во
растенијата.
Има 7 микроелементи што се есенцијални за растенијата а тоа се:
Железо, магнан, цинк, бакар, бор, молибден и хлор.
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
a. Ѓубрива што содржат ЖЕЛЕЗО
Овие ѓубрива, главно се доста добро (целосно) растворливи во вода и
најчесто се аплицираат за фолијарна употреба кај житариците.
РАСТЕНИЈАТА ГО АПСОРБИРААТ железото во форма на
Fe2+.
Железо сулфат
Добро растворлив во вода, содржи 20 % Fe
(FeSO4 7H2O)
Fe – хелати
Fe-EDTA
Fe-EDDPA
Погодни за фолијарни апликации
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
b. Цврсти ѓубрива што содржат МАНГАН
Манган Сулфат
Добро растворлив во вода.
( MnSO4 7H2O) Сол со РОЗОВА Боја содржи 24 % Mn.
Погодно ѓубриво за фолијарна апликација
Mn – хелати(Mn – DTA) содржат13 % Mn.
Битна улога во исхраната кај житариците.
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
d. Цврсти
ѓубрива што содржат БАКАР
Бакар сулфат пента хидрат-СИН КАМЕН (CuSO4 5H2O) – 25 % Cu
Бакар сулфат (CuSO4 H2O) – 36 % Cu
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
e. ЦВРСТИ ЃУБРИВА ШТО СОДРЖАТ БОР
БОРАКС
(Na2B4OСодржи 11 % B
10H2O)
Бела кристална сол, добро растворлива во
вода
најчесто се употребува фолијарно
БОРНА
(H3BO3)
КИСЕЛИНА
содржи 18 % B
бела кристална супстанца
за фолијарна намена
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
c. ЦВРСТИ ЃУБРИВА ШТО СОДРЖАТ
ЦИНК СУЛФАТ
(ZnSO4 7H2O)
ЦИНК
Добро се раствоера во вода и
содржи 23 % Zn.
За фолијарна намена.
Има кисело дејство, може да ги
нагризува листовите на
растенијата ако се нанесува во
поголеми количини
Цинк-оксидZnO) Содржи 70 % Zn.
Слабо растворлив во вода
Се употребува како ѓубриво со
бавно испуштање на хранливи
материи
ЦВРСТИ ЃУБРИВА СО МИКРО-ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ
f. ЦВРСТИ ЃУБРИВА ШТО СОДРЖАТ МОЛИБДЕН
НАТРИУМ
Содржи 40 % Mo
МОЛИБДАТ
(Na2MoO42H2O)
АМОНИУМ
Содржи 54 % Mo
МОЛИБДАТ
Добро растворливи ви вода
(NH4)6Mo7O244H2O)
За фолијарна употреба
Можат да го врзуваат фосфорот