  Здравата храна е храна која има балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали.

Download Report

Transcript   Здравата храна е храна која има балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали.



Здравата храна е храна која има балансирано
количество на протеини, јаглени хидрати, масти,
витамини и минерали. Здравата храна содржи
поголеми количини на протеини и јагленохидрати,
а помалку масти. Во исхраната посебно е важен
внесот на витамини и минерали, кои ги има
најмногу во свежото овошје и зеленчук.
Со здрава исхрана, како и со редовна физичка
активност,
се
овозможува
зачувување
на
здравјето, а се намалува и вишокот на телесна
тежина, која е исто така важен фактор на ризик
за повеќе малигни заболувања.

Правилната и здрава исхрана е
еден од
најважните проблеми на современиот човек.
Човековото здравје, креативност, ефективност и
расположение директно се условени со начинот
на исхрана кој секојдневно го применува.
Правилната и здрава исхрана му помага на
човекот полесно да се соочи со животните
потешкотии и да се заштити од многубројните
физички и психички болести. Здравата исхрана во
семејството овозможува поправилен физички и
духовен развој на децата, радост и љубов во
меѓусебната комуникација и заедничкиот живот.
Познатиот грчки лекар Хипократ рекол : „ Твојата храна ќе
биде твој лек.“ Современата медицина по повеќе
децении истражувања дојде до заклучок дека причина за
болестите кај човекот е токму храната која ја јаде или не
ја јаде.

Здравата храна е онаа храна која во себе не содржи
премногу белковини и масти ( посебно од животинско
потекло какви се наоѓаат во месото, јајца, сирење, риба
), а е богата со јаглени хидрати, витамини и минерали – а
тоа е растителната храна, овошјето, интегрални житарки,
семки од сончоглед, тиква…

Здравата исхрана значи да се јаде поедноставно, да
не се мешаат производи со различен состав ( пр. јаглени
хидрати со белковини), како и јадење во умерени
количества, не пребрзо и алчно, туку со свест за важноста
на внесување храна во организмот, водејќи сметка
храната да не е премногу топла или ладна, премногу
зачинета, солена или кисела.

Ова е пирамидата на здрава исхрана креирана од
експерти нутриционисти од Харвардската школа за
јавно здравство (Harvard School of Public Health).
Пирамидата е базирана на најдобрите научни
докази кои се на располагање за поврзаноста на
исхраната и здравјето. Оваа пирамида претставува
водич за тоа што и колку треба да се јаде за
подобро здравје.
 Пирамидата на здрава исхрана е втемелена во
основата на дневната физичка активност и
контролата на тежината. Зошто? Овие два поврзани
елементи имаат силно влијание врз шансите да се
остане здрав. Тие исто така влијаат на тоа што и
како јадеме и како храната дејствува на нас.











Јадење разновидна храна;
Одржување на оптимална телесна тежина;
Зголемено внесување на полузаситени масни киселини
(пречистен путер, нерафинирани ладно цедени масла, путер
од семки,кикиритки);
Намалено внесување на холестерол ( свинска маст, масни
видови на месо, масни видови сирење, јајца);
Зголемено внесување на сложени јаглехидрати и диетални
влакна (зеленчук, овошје, интегрални житарки );
Намалено внесување на заситени масни киселини ( масти
од животинско потекло);
Редовно внесување на течности : вода, чаеви, природни
сокови;
Намалено внесување шеќери, особено бело –
рафинираниот шеќер да се замени со мед и малтекс;
Намалено внесување на сол, посебно кујнската;
Намалување и избегнување на внесување на кафе, алкохол и
тутун;

Се смета дека овошјето е највредната храна која
може да се внесе во организмот, поради тоа што
содржи идеална рамнотежа на 5 важни елементи кои
му се неопходни на организмот : гликоза (90%),
аминокиселини (4-5 %), минерали (3-4%), масни
киселини (1%) и витамини (до 1%). Поради ова за
неговото варење во организмот не е потребна
дополнителна енергија, што значи дека ја штеди
енергијата на организмот и помага во неговото
прочистување. Исто така, овошјето има способност да
ги неутрализира штетните киселини кои се создаваат
во телесните системи. Кога се зборува за овошјето, се
мисли исклучиво во свежа состојба, поради својата
природа вареното и преработеното овошје во
потполност ги губи своите својства и доаѓа до
зголемување на токсичност и киселост во организмот.

Во периодот на земање храна се препорачува
земање на овошје и сокови најмалку 30 минути пред
останатата храна ( никогаш непосредно по оброкот)
за да се избегне мешање на храната во желудникот.
Мешањето на храната со овошјето доведува до
ферментација, со која се губат хранливите материи и
се отежнува и забавува варењето. По овошјето,
најдобро е да се земе коктел на сокови од свеж
зеленчук – морков, цвекло, магдонос, целер, зелка,
карфиол, мало парче сиров компир (посебно важно
е да не се комбинира со овошје). По 10 минути од
земањето на соковите, треба да следи свежа салата,
а потоа и правилно комбиниран оброк. Кога храната
правилно се комбинира, организмот може во
потполност да ја разгради , апсорбира и да ги
искористи сите хранливи материи.

Земањето на јаткасто овошје (бадем,
лешник, орев,кикиритки, индиски орев) и
семки (тиква,сусам, сончоглед, лен,
леблебија, кајсија) е многу важно во
правилната и здрава исхрана. Оваа
храна е пребогата со минерали,
витамини, белковини, јаглени хидрати и
масти, а доволно е да се земе два до
три пати неделно по половина шолја. На
пример : 100г. сусам содржи 630 мг
калциум, бадем 282 мг, орев 186 мг, а
сончоглед 140 мг.
Големиот процент на сложени јаглени хидрати го
сместува зеленчукот во енергетски високо квалитетна
храна , а ензимите , витамините, минералите и
белковините од зеленчукот прават градител на ќелиите
одговорни за обновување на организмот.
 Зеленчукот има исклучително лековито дејство и многу
е важно секојдневно да се конзумира. Најдобро е да
се зема во сирова состојба, во облик на салати,
цедени или кашести сокови, благо сварени во што
помала количина на вода за да се задржат сите
хранливи состојки. Зеленчукот добро се комбинира со
сета останата храна ( житарки, белковини, масти и
др.) освен со овошје, па пожелно е во подготовката на
јадења, посебно сокови, овошјето и зеленчукот да не
се мешаат.


Домат : ја зајакнува отпорноста и имунитетот на организмот,
против кашлање и белодробни болести, го намалува високиот
крвен притисок, го подобрува варењето на храната, помага во
лечење на дијабетес, реума, помага во исфрлање на
течностите од организмот.

Краставица: Се користи против болести на желудникот и
цревата, воспаленија на кожата, убод од инсекти, прочистување
на крвта, подобра работа на бубрезите.Посебно се користи во
козметиката за освежување на кожата на лицето.

Пиперка : против атеросклероза, воспаление на
грлото и разни воспаленија на кожата, опаѓање
на косата, треска, го подобрува варењето, ги
шири капиларите, го зголемува апетитот.

Морков: спаѓа во најлековитиот вид зеленчук, практично
претставува вистинска мала природна аптека.
Највредната состојка на морковот е каротенот кој го
создава провитаминот А. Покрај каротен , богат е со
минерали и витамини , а во својот состав има етерични
масла, белковини, целулоза, скроб и шеќер, пектин,
глутамин и други минерали. Од витамините најмногу се
застапени витамините од B , D и H групите. Содржи
основни состојки потребни за раст , развој и јакнење на
организмот, го чува и подобрува видот, спречува
анемија,опаѓање на косата, воспаление на крајниците,
болести на дишните органи, рани и изгореници, ја
прочистува крвта и го чисти организмот од отровни
материи.

Цвекло: бетанинот и бетаинот во цвеклото помагаат во
забрзано разменување на материите, одржување на
крвните садови, регулирање на крвниот притисок,
намалување на холестеролот, делува антиканцерогено,
благотворно е во спречување на тумори и леукемија, ја
прочистува крвта и делува на создавање на црвени крвни
зрнца и го забавува стареењето.

Ротквица : благотворно делува на органите за варење, го
зголемува апетитот, закрепнува, го поттикнува
работењето на органите за дишење, се користи против
појава на песок и камен во жолчката, болести на
бубрезите, лечи реума, ишијас, кашлица, глисти, се
користи за чистење на рани.
Име
Го има во :
Поволно делува на :
Витамин А
Морков,зелен и жолт
зеленчук,јајца , млечни
производи
Слаб вид.слаб имунитет,
неотпорност на органите за
дишење
Витамин Б1
Сув квасец, оризови
лушпи,млеко,
кикиритки,зеленчук
Проблеми со нервите,
проблеми со срцето
Витамин Б2
Млеко, квасец, сирење,
лиснат зеленчук, јајца
Лош квалитет на косата,
ноктите и слаб вид
Витамин Б6
Пивски квасец, зелка,
диња,млеко, јајца
Анемија , нервни
пореметувања, грчеви во
нозете , ноќно грчење на
мускулите
Биотин
Витамин Ц
Јаткасти плодови, овошје,
пивски квасец,жолчка,
интегрален ориз, млеко
Проблеми во мускулите,
ќелавост, побелена коса
Јагоди, зелен лиснат
зеленчук, карфиол, домат,
компир, мед
Создава колаген кој ги
обновува ткивата, крвните
садови, коски,лечи рани,
изгореници, намалува
холестерол
Рахитис, омекнување на
коски, коњуктивитис,
крварење на забите
Витамин Д
Млеко и млечни производи
Витамин Е
Соја, растителни масла,
спанаќ, интегрални житарки,
јајца
Го забавува стареењето,
го ублажува заморот,
лечи изгореници, грчење
во нозете и мускулите
Растителни
масла,лен,сончоглед,соја,
кикиритки, орев, бадем,
авокадо
Воспаленија и болести на
кожата и косата
Витамин Ф
Морков, квасец, жолчка,
диња, кајсија, тиква, грав,
авокадо, интегрална
пченица,
Создава црвени крвни зрнца,
штити од труење со
храна,намалува болки,
зголемува апетит, спречува
анемија
Жолчка, јаткасти плодови,
грав, суви праски
Отпорност на
организмот,замор, анемија
Интегрални житарки,
зелен зелечук, јаткасти
плодови, млеко,
ореви,сусам, сончоглед,
соја, кикиритки
Изградба на ќелиите, коските,
забите, нервниот
систем,залечува рани, гради
антитела, спречува замор
Калиум
Диња , домат, јаболков
оцет, салата, нане,
сончоглед, суви кајсии,
банани,
Алергии, го регулира крвниот
притисок
Магнезиум
Смокви, лимон,
пченка,бадем, семки,
јаткасти плодови
Нерви,мускули, го претвара
шеќерот во крвта во енергија,
срце, заби
Фолна
киселина
Железо
Калциум

Луѓето кои јадат повеќе зрнеста храна, особено
од цели зрна, како дел од здравиот режим на
исхрана го намалуваат ризикот од некои
хронични
заболувања.
Зрнестата
храна
обезбедува многу хранливи материи од витално
значење за човечкиот организам.
Секоја храна од пченица, ориз, овес,
пченка, јачмен или други зрна од
житарки е зрнеста храна. Лебот,
тестенините, овесните снегулки,
житарките за појадок и др. - сите тие се
примери на зрнести производи.
 Зрнестата храна може да се состои од
интегрални (цели) зрна или
рафинирани.
 Целите зрна го содржат целото јадро на
зрното - никулец, срцевина и обвивка.
Пример за цели зрна се:

интегрално пченично брашно
 булгур (кршена пченица)
 овесно брашно
 интегрално пченкарно брашно
 кафеав ориз





Со рафинирање на целите зрна се
отстрануваат никулецот и обвивката и се
добиваат рафинирани зрна. Ова се прави
за зрната да добијат пофина текстура и да
им се продолжи рокот на употреба, но со
овој процес се отстрануваат и диеталните
влакна, железото и многу B витамини. Некои
примери на рафинирани зрнести
производи се:
бело брашно
бел леб
бел ориз





Луѓето кои јадат повеќе зрнеста храна, особено од
цели зрна, како дел од здравиот режим на исхрана го
намалуваат ризикот од некои хронични заболувања.
Зрнестата храна обезбедува многу хранливи материи
витални за здравјето и одржувањето на човечкото тело.
Исхраната богата со влакна, како што се целите зрна,
како дел од здравиот режим на исхрана, може
поволно да дејствува на констипацијата.
Јадењето повеќе храна од цели зрна може да
помогне во контролата на телесната тежина.
Исхраната со зрна збогатена со фолна киселина
пред и за време на бременоста ги спречува
дефектите во развојот на фетусот.
Конзумирање зеленчук сиромашен со калории
наместо некоја друга висококалорична храна може
да биде корисна за намалување на калорискиот внес.


Постои еден прехрабен производ кој го земаме
здраво за готово, но чија важност ја надминува
важноста на сите други. Тоа е обичната, чиста
вода, која некои со презир ја нарекуваат
„комуналка“. Но треба да се има во предвид
дека човекот може да гладува 40 дена, но без
вода не може да издржи ниту 10 дена.
Недоволното внесување на вода постепено и
незабележително ја менува физиологијата на
организмот и доведува до хронични
дегенеративни промени на ткивата и органите.
Верувале или не, но дури и болестите како што се
чир на желудникот, висок притисок, холестерол,
артроза и астма можат да бидат последица од
константна дехидрација.
Современиот човек живее во илузија дека не може да
дехидрира бидејќи водата му е постојано при рака.
Меѓутоа, занемарувањето на чистата вода и нејзината
замена со таканаречените „течности“ ( кафе, алкохол,
разни газирани сокови) , доведува до дехидрација,
бидејќи споменатите пијалоци не можат да ја заменат
чистата вода во организмот. Нивната постојана употреба
како замена за водата, доведува до губење на чувството
за жед, да го замени со чувството за глад , што е многу
штетно за организмот.
 За да ги избегнеме овие проблеми, потребно е да
воведеме свесна дисциплина да пиеме 2 литри или 8
обични чаши вода дневно, дури и кога мислиме дека не
сме жедни.
 Водата е составен дел од здравата храна, ако знаеме
дека голем број на овошни и зеленчукови плодови во себе
содржат големо количество вода. Но , секогаш треба да
имаме на ум , дека никогаш и ништо не може да ја
замени чистата вода за пиење.Токму затоа, во
создавањето на навики за здрава храна, важно место
треба да и доделиме и на водата.
