Приватизација на јавни служби Пoим на јавна служба    Јавната служба е техничка служба со која се користат граѓаните на редовен и траен начин за задоволување.

Download Report

Transcript Приватизација на јавни служби Пoим на јавна служба    Јавната служба е техничка служба со која се користат граѓаните на редовен и траен начин за задоволување.

Приватизација на
јавни служби
Пoим на јавна служба



Јавната служба е техничка служба со која се
користат граѓаните на редовен и траен начин
за задоволување на јавниот поредок и која ја
врши јавна организација. Носител на јавната
служба, треба да биде да биде јавна
организација која користи заеднички ресурси
за да службата подеднакво и бесплатно ја
користат сите. (Ориу)
Јавната активност се стреми кон остварување
на потфати што треба да го задоволат јавниот
интерес .(Диги)
Додека една фирма главно просперира со тоа
што ќе ги задоволи клиентите што плаќаат,
една јавна агенција може да просперира (т.е.
да добие поголем буџет) дури ако клиентите
останат незадоволни. (Савас)
Приватизација на јавните служби
Под приватизација подразбираме
 продавање на државни
претпријатија на приватни
инвеститори, и
 трансфер на функции што
претходно ги вршела исклучиво
државата на приватниот сектор
Приватизација на јавни служби
според Колдери
Државата врши две функции кои можат да
се приватизират – пружање на услуги и
производство на услуги. Можни
комбинации:
 Двете функции се јавни
 Производството на услугата е приватно
а пружањето е јавно
 Пружањето на услугата е приватно а
производството е јавно
 Двете функции се приватни
Приватизација на јавни служби
според Колдери
Прв модел: Пружањето и
производството на услугата се
јавни:
Едно јавно (државно) училиште е
обезбедувано од полиција (која
претставува државен орган).
Приватизација на јавни служби
според Колдери
Втор модел:Производството на
услугата е приватно, а нејзиното
пружање е јавно:
Се врши обезбедување на јавен
настан (спортски, културен и сл.),
но за таа цел се најми приватна
агенција за обезбедување.
Приватизација на јавни служби
според Колдери
Трет модел: Пружањето на услугата е
приватно, а нејзиното производство е
јавно (приватен субјект купува јавна
услуга од јавна установа/државен
орган):
Приватна детска градинка/дом з стари
лица користи услуги за своите
штитеници од јавна здравствена
установа (болница).
Приватизација на јавни служби
според Колдери
Четврти модел: Двете функции се
приватни:
Супермаркет ангажира
униформирани чувари од приватна
агенција за обезбедување.
Истражувања за ефикасноста на
приватниот и јавниот сектор

Хандике: Без оглед на тоа дали се
работи за јавни служби како што се
водовод, противпожарна заштита,
собирање на отпадоци...го
добиваме истиот резултат: за
истиот обем на работа и квалитет
на служба, чинењето на јавните
услуги е два пати поголемо од
приватното.
Истражувања за ефикасноста на
приватниот и јавниот сектор

Закон на Савас: приватниот сектор
е секогаш два пати поефтин
одошто јавниот, за една
еквивалентна јавна служба.
Забелешка: Законот на Савас важи
само за приватно претпрјатие во
конкурентски услови.
Contracting out



Договарање за пренесување на една
јавна служба од државен орган на
приватен субјект/контрактор.
Овој израз е во употреба во
англосаксонските правни системи.
Во европско континенталните системи
преносот на јавни служби во рацете на
приватни субјекти се прави со управни
договори: концесии, ВОТ аранжмани и
сл.
Причини за подобри перформанси
на приватните контрактори

1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
Барбара Стивенс:
Подобар квалитет на менаџментот;
Супериорна технлогија;
Ангажирање на помлади работници кои не
се синдикализирани;
Можни отпуштања во секој час;
Покуси одмори;
Помали примања;
Постимулативен начин на наградување;
Упростена административна структура;
Поголем распон помеѓу најниска и
највисока заработувачка
Заклучоци за contracting out



Управните службеници што се на чело на
јавните служби или се вработени во нив,
немаат што да добијат од остварените заштеди
и затоа не се заинтересирани за нив. Освен
тоа, тие не се изложени на претприемачки
ризик.
Во наддавањето за доделување на договорите
за јавни служби, од најголема важност е
улогата на вистинска конкуренција, пожелно е
да се привлече што поголем број наддавачи.
Негативност на contracting out: високи трошоци
за надзор (мониторинг) над операциите на
приватниот контрактор. Субјекти за вршење
контрола: граѓаните и експерти (скапо,
подложно на корупција)
Идеолошка позадина на
приватизацијата
Адам Смит, Британска Десница – бирократијата
по природата на нештата е неефикасна во
пружањето на услуги, што ја наметнува
потребата од приватизација. Управните
организаци немаат паричен поттик затоа што
трошат буџетски средства. Тие имаат
монополска положба што ги прави клиентите
беспомошни.
Британска Левица – Управните службеници се
раководат со етосот на службата и лојалноста
кон нејзините цели...професионална и морална
сатисфакција. Приватизацијата има превисока
социјална цена и доведува до поткопување на
локалната демократија.
Три значења на поимот
приватизација на јавните служби



Промена на сопственоста на едно претпријатие
или дел од претпријатието од јавен во
приватен сектор.
Либерализација или дерегулација на
навлегување во активности што порано биле
ограничени само за претпријатијата во јавниот
сектор.
Пружањето добра и услуги се пренесува од
јавниот на приватниот сектор, а управата ја
задржува одговорноста за пружањето услуги.
Приватниот сектор и јавните
служби

Значење на приватизацијата на јавните
служби:
Идејата е да се искористи
алокативната моќ на пазарот за да
се пружат услуги и да се избере
помеѓу нив, наместо да се потпира
врз одлукте на бирократите. На
приватните фирми треба да им
остават сите служби со кои сакаат
да управуваат.
Облици на приватизација

-
-
-
Концепцијата за приватизација на јавните
служби претставува враќање кон становиштата
на економксиот либерализам:
Бирократијата што управува со јавните служби
претставува природен противник на сите
видови економска рационалност;
Таа не е изложена на конкурентските
притисоци и не ги задоволува критериумите на
пазарна ефикасност;
Таа ги зголемува трошоците на службите кои и
се доверени. Престижот и влијанието на
бирократите се зголемува со зголемувањето на
буџетот на службата и бројот на потчинети
службеници;
Облици на приватизација


Савас: една од алтернативите на
приватизацијата е пренос на активностите што
дотогаш ги вршел јавниот сектор врз приватни
производители по пат на договор.
Услови за успешно договарање (contracting
out):
• Работата што треба да се изврши да е опишана
на прецизен начин;
• Да постојат неколку потенцијални
производители – компетитивна клима;
• Управата да е во состојба да ги следи дејностите
на договорната страна;
• Во договорниот документ да бидат внесени и да
се применуваат соодветни одредби.
Облици на приватизација
Франшизам – доделување концесии на
приватни фирми да пружаат посебни услуги.
Управата е аранжер а приватната организација
производител на услугата. Управата му плаќа
на производителот за договорните услуги, а
потрошувачот му плаќа на производителот на
услугата преку франшиза.
Ексклузивна франшиза – доделување на
монополски привилегии на прватна фирма за
да пружа посебин услуги, најчесто на начин на
кој владина агенција ја регулира цената на
услугата.
-(toll goods) Испорака на електрична енергија,
Облици на приватизација
Систем на ваучери – треба да ја поттикне
потрошувачката на одделни добра од посебна
класа на потрошувачи, системот на ваучери го
субвенционира потрошувачот и му овозможува
да врши релативно слободен избор на пазарот.
Милтон Фридман – ...„секој родител да добие
ваучер во износ на основното образование..би
можел да го потроши тој ваучер во секоја
призната штока што самиот ја избира, но на
таквиот ваучер ќе треба да му додаде
определена сума од своите сопствени
средства.“
Облици на приватизација
Партиципација на корисниците во јавните служби –
„корисниците на јавните добра и услуги лично да
придонесуваат во нивното финансирање“
„...зголеменото користење на партиципација од страна на
корисниците за покривање на јавните расходи би
можело да создаде финансиски простор за намлување на
буџетските дефицити, како и на даноците за кои во
многу земји се смета дека предизвикуваат сериозни
економски дислокации...“
„...економската цена на социјалните добра ја нарушува
правичноста и затоа не би требало во поголема мера да
се прибегнува кон таквата партиципација. “
Облици на приватизација
Австралиски модел на партиципација во високото
школство:
• 90% е финансиран преку оданочување, но
најголемиот дел даночни обврзници немаат
непосредна корист од високо образование;
• Непосредните корисници на високото
образование –дипломирани студенти и
работодавачи – најмалку придонесуваат за
неговата цена;
• Лицата кои се здобиле со високо образование се
здобиваат со значајни предности во
општеството/ не префрлањето на целиот товар
на високо образовани само врз нив би бил
еднакво неправеден како и целосното
Прашања и теми за дискусија и
есеи:








Поим на јавна служба
Приватизација на јавни служби
Видови приватизација
Колдери за приватизацијата на јавните
служби
Законот на Савас
Истражувањето на Барабара Стивенс
Contracting out
Идеолошка позадина на
приватизацијата на јавните служби
Литература

Гризо Н., Давитковски Б., „Наука за
управата“, 1994 стр. 212-241