ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСВО БЕЗ МАНА КИВИ • Кивите се моќен и добар извор на калциум, магнезиум, витамин Е и растителни влакна. Тие содржат витамин С два.

Download Report

Transcript ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСВО БЕЗ МАНА КИВИ • Кивите се моќен и добар извор на калциум, магнезиум, витамин Е и растителни влакна. Тие содржат витамин С два.

ЗДРАВА
ХРАНА ЗА
ДЕТСВО
БЕЗ МАНА
КИВИ
• Кивите се моќен и добар извор на калциум,
магнезиум, витамин Е и растителни влакна.
Тие содржат витамин С два пати повеќе од
портокалите.
ЈАБОЛКО
• Јаболкото иако има мала содржина витамин
С тој е антиоксиданс. Содржи група органски
компоненти во кората која го зголемува
активното делување на витамин С со што
помага да се намали ризикот од рак на
дебело црево , срцев и мозочен удар.
ЈАГОДА
• Јагодата спаѓа помеѓу главното овошје кое
има најголема антиоксидантна моќ која го
штити запушувањето на крвните садови.
ПОРТОКАЛ
• Портокалот се одгледува во тропските и
суптропските области, тркалезниот плод речиси има
рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато
со витаминот C. Главните комерцијлни се кинескиот
портокал, мандарините, морскиот портокал без
семки. Дрвото има широко, сјајни зимезелени
листови со средна големина, рачки на листовите со
тесни крилца и многу мирисни цветови. Раѓа плодови
околу 50-80 години. Портокалите не напредуваат во
квалитетот кога ќе паднат од дрвото, па се берат кога
се целосно зрели. Јадењето од два до четири
портокали дневно може да помогне да се заштитиме
од настинка, го снижува холестеролот, го спречува
ризикот од рак на дебело црево.
МОРКОВ
• Морковот е омилен зеленчук на домаќинките. Нема супа без
моркови и добро е што е така.
Најважната состојка на морковите е каротинот што во 100 грама
го има пет пати повеќе од дневната потреба на возрасен човек.
Покрај каротинот, морковите содржат витамин Е, помалку
витамин C и витамините B1, B2 и B6. Од минералите најмногу
има калиум и калциум, потоа фосфор, магнезиум и железо.
Калциумот од морковите лесно се апсорбира, што е важно како
превентива против остеопорозата. Морковите го подобруваат и
го изоструваат видот, особено ноќниот. Од корист е и за
заболените и за здравите очи. Поволно дејствува и на кожните
промени, разните егзими и псоријазата. Во народот се смета за
лек за потенција, поради содржината на витаминот Е. Сетоа тоа
поволно влијае врз работата на половите жлезди, на
динамичноста на машките сперматозоиди врз бременоста.
Благотворно влијае и врз работата на црниот дроб. Морковите
го забавуваат стареењето и појавата на брчки на лицето.
Се разбора, каротинот е значаен и во превенцијата за рак на
органите за варење, бешиката и простатата.
ПИПЕРКА
• Пиперката влегува во редот на зеленчуци најбогати
со витамин C, кој не се губи значително и по
замрзнувањето и киселеењето. Зрее од средината на
летото до средината на есента.Според бојата може
да биде зелена, жолта и црвена, а според вкусот
блага или лута.Се јаде свежа, се употребува во
салати, се пече на скара, а се користи и за полнење и
киселење. Благата сушена и мелена пиперка е
основа за многу јадења и додаток за сувомеснати
производи.Лутата е незаменлива во подготвувањето
на пикантни јадења.
ЦРЕША
• Црешата е вкусно овошје, кое го препознаваме по јаката црвена
боја, која ја има благодарение на пигментот онтоцијан. Заради
високата концентрација на калиум црешите се добар диеретик.
Нискиот гликемиски состав ги прави одлични за исхраната на
дијабетичарите. Богати се со флавоноиди, од кои најзастапени
се: антоцијани и кварцетин. Овие материи делуваат
превентивно при срцеви болести, а повеќе ги содржат темните
цреши. Од витамините во црешите најзастапен е витаминот B
комплекс, витаминот C и бета каротинот. Од минерали, освен
калиум, содржи бакар, железо и магнезиум. Органските
киселина кои ги содржи црешата, даваат пријатен и
освежителен вкус. За да може организмот порполно да ги
искористи овие материи, препорачливо е црешите да се јадат
свежи, како овошни салати и некои врсти на свежи кремови и
јогурт. Ова овошје, многу се користи во индустријата за
производство на: компот, џем , слатко и сладолед.
ЛУБЕНИЦА
• Обично се смета дека лубеницата содржи само вода и освежува
во големите жештини. На многумина не им е познато дека
лубеницата, покрај течностите, содржи доста витамини и
минерали и дека значително допридонесува за нашето здравје.
Бројни научни истражувања докажале дека лубеницата заради
тоа што содржи големо количество витамин C и бета-каротин,
многу е корисна во превенција на многу срцеви болести и
хронични воспаленија. Ова овошје е одличен извор и на
витамините од B групата, кои се одговорни за процесите во
метаболизмот и произведувањето на телесната енергија. Исто
така, содржат и високо ниво на B6, кој делува на подобрување
на менталните способности, го ублажува стресот и напнатоста.
Содржи и железо во иста количина калку шти и спанаќот, со тоа
лубеницата станува одлична превенција против анемија. Исто
така содржи огромни количини глутен кои го зајакнува
имунитетот.
ПАПАЈА
• Папајата е шампион по содржина витамин С. Исто
така содржи каротин кој што делува на видот.
БОРОВИНКА
• Боровницата (Vaccinium myrtillus) е билка од семејството
Vaccinium. Некои примероци можат да опстанат и до 15 години.
Растат од 10-60 см. , додека пак, иако ретко, достигнуваат и до
90 см. Листовите се долги од 1-3 см. Боровинката е листопадно
билка, новите листови растат од крајот на април до почеток на
мај, а паѓаат од крајот на септември до октомври. Плодовите на
боровинките се многу хранливи, бидејќи се богати со железо и
витамини. Најчесто се користи за правење на чаеви и сокови.
Лековитите делови на билката се листовите, кои се собираат
пред созревањето на плодовите и се сушат на суво и сончево
место. Плодовите се собираат на лето, веднаш по созревањето.
ЛИМОН
• Татковината на лимонот е Азија. Таму се култивирал
пред 2.500 години. Денес, 90% од лимонот кој
стигнува на сведскиот пазар се носи од Калифорнија
и Италија.
За лимонот, волшебното овошје, се прераскажани
многу приказни. Старите Грци го нарекувале златно
јаболко. Го подариле на свадбата на Хера, жената на
Зевс, за да биде вечно млада и убава.
ДОМАТ
• Доматот има мала енергетска вредост (17kcal на 100 гр.) затоа
што содржи 94% вода. Тој е еден од најбогатите извори на
витамин C, а содржи и голема количина на витамин B, Е и К.
Исто така богат е и со минерали, и тоа калиум, натриум,
магнезиум, калциум и железо, а содржи и фосфор, цинк, бакар,
манган... Доматот и производите од домат се важен извор на
каратеноид. Богат е со пектини и многу органски киселини, кои
го зголемуваат апетитот, го активираат процесот за варење на
храната и го спречуваат негативното дејство на бактериите.
Во себе содржи доста лековити материи, има антиоксиданско и
антисептичко дејство, чистач е на организмот и диуретик.
Докажано е дека поволно делува во борбата против алергија,
анемија, асма, болести на срцето и крвните садови, болести на
забите, импотенција, рак, мигрена, неплодност, остеопороза,
зголемен крвен притисок, шеќерна болест, хемероиди, кожни
болести, чиреви, прекумерна телесна тежина, поволно дејствува
на умор и исцрпеност. оматот е еден од најценетите видови на
зеленчук и претставува незаменлива состојка на вкусните
салати.
СМОКВА
• За чистење, односно за регулирање на варењето се
земаат добро измиени суви смокви и суви сливи, се
потопуваат во млака вода и се оставаат 24 часа.
Утредента, наутро да се јадат заедно со водата во
која биле потопени. Во потешки случаи, тоа се прави
неколку дена по ред. Сувите смокви треба да бидат
меки, лепливи и проѕирни. Облога од суви смокви се
става на место каснато од скорпии и кучиња, а
омекнати во врело млеко или во врела вода ги
ублажуваат отоците на забното месо. Како облога се
става и на отоци по телото. Сувата смоква варена
како чај помага при воспаленија на грлото и на
белите дробови.
БАНАНА
• Банана е име за еден вид на овошје и на тревни
растенија од родот Musa кои го произведуваат ова
најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските
регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се
одгледуваат во тропски предели. Овошјето расте во
гроздови кои висат со до 20 овошја на редица. Има
помеѓу 3-20 редици по грозд. Вкупниот износ може да
тежи 30-50 килограми. Овошјето тежи во просек 125 g,
од кои околу 75% се вода и 25% сува материја. Секое
поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен
дел. Двата дела, кожата и внатрешниот дел, може да се
јадат сурово или зготвени. Западниот свет го јаде само
внатрешниот дел и ја фрла кожата, додека некои азиски
култури генерално ја јадат и кожата. Бананите се
вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум.
ЦВЕКЛО
• Цвеклото во својот корен содржи корисни состојки и
супстанци: антоцијан, бакар, протеини, бетаин,
бетанин, растителни влакна, растителни масти, бром,
витамин В1, В2 и В12, витамин С, железо, јод,
калиум, калциум, кобалт, литиум, магнезиум, манган,
натриум, оксална киселина, природен шеќер,
рубидиум, селен, стронциум, сумпур, јаглени
хидрати, флуор, фолна киселина, фосфор, хром,
цезиум и цинк.
Овој зеленчук кој има коренест плод е природно
најблаг од било кој друг зеленчук.
Цвекло против дебелина, настинка и грип.
ВИТАМИНИ
ВИТАМИН А
• Се наоѓа во морков, зелен и жолт
зеленчук, јајца, жолто овошје, млеко и
млечни производи. Го подобрува видот,
очми тегоби и ноќно слепило,
неотпорноста на диѓните патиѓта и слаб
имунитет.
ВИТАМИН В1
• Се напќа вово сувиот квасец, оризови
лушпи, интегрална пченица, кикирики,
зеленчук, мекици, млеко.
• Помага во проблеми со нервите и при
проблеми со срцето.
ВИТАМИН В2
• Се наоѓа во млеко, квасец, сирење,
лиснат зелен зеленчук и јајца.
• Го подобрува квалитетот на косата,
ноктите и видот.
ВИТАМИН В6
• Се наоѓа во пивски квасец, мекици,
пченица, пепун, зелка, млеко јајца.
Помага против анемија, нервни
пореметувања, грчеви во нозете и ноќно
грчење на мускулите.
ВИТАМИ В12
• Се наоѓа во јајца, млеко и сирење.
Помага при слаба концентрација. Добар
е за нервите и при пореметување.
БИОТИН
• Се наоѓа во јаткасти плодови, овошје,
пивски квасец, жолча, интегрален ориз,
млеко. Помага при мускулни проблеми,
ќелавост и бела коса.
ИЗРАБОТИЛА
Теодора Божиноска
VI4 одд.