Модулација – Потреба од обработка на сигналите и класификација на постапките Говорот не може да се испрати многу далеку дури ни со врескање.

Download Report

Transcript Модулација – Потреба од обработка на сигналите и класификација на постапките Говорот не може да се испрати многу далеку дури ни со врескање.

Модулација – Потреба од
обработка на сигналите и
класификација на постапките
Говорот не може да се испрати многу далеку дури ни
со врескање. За да се зголеми досегот на звукот,тој
треба да се испрати низ друг медиум (освен воздухот),
како на пример телефонска линија или радио.
Независно од тоа кој медиум за пренос е одбран, прво
е потрбно звукот да се претвори во електричен сигнал
со помош на микрофон. Сите пораки кои не се
електрични сигнали потребно е да се претворат во
електрични сигнали за да можат да се пренесат низ
комуникационите системи.
Ако сигналот се пренесува во својот изворен облик, во оној
облик во којшто се појавува на излезот од претворувачот
порака-сигнал, велиме дека сигналот се пренесува во
својот основен или природен опсег на фреквенции.
Ваквиот пренос е наједноставен но има недостатоци. Во
радиопреносот тоа би значело користење на антени со
должини поголеми од 1 km, како и мешање на пораките во
радиоприемникот кој ги прима електромагнетните бранови
од сите предавателни антени на неговата територија. До
мешање на пораките би дошло и при пренос низ физички
водови, кога повеќе пораки (сигнали) истовремено би се
пренесувале низ еден вод. За да се надминат овие
проблеми потребно е сигналите, кои одговараат на
пораките, да се обработат пред да се пренесат. Процесот на
модифицирање на сигналите за да можат да бидат
испратени низ некој медиум е наречен модулација.




При постапката на модулација се менува еден од
параметрите на некој помошен периодичен сигнал
во функција од карактеристичните величини на
друг сигнал. Всушност се врши втиснување на
нискофреквентен случаен сигнал во помошен
високофреквентен носител.
Оригиналниот сигнал се нарекува модулационен
сигнал, um(t).
Помошниот периодичен сигнал се нарекува
носител, u0(t).
Модифицираниот сигнал се нарекува модулиран
сигнал, u(t).
Постапките на модулација можат да се поделат во две
групи според обликот на модулираниот сигнал.
 Континуиран модулиран сигнал; носителот е со синусен
облик

◦ Амплитудна модулација (АМ) – се менува амплитудата на
носителот по закон кој го диктира модулациониот сигнал
(фреквенцијата не се менува)
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Фреквентна модулација (FM) - се менува
фреквенцијата на носителот по закон кој го диктира
модулациониот сигнал (амплитудата не се менува)
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Фазна модулација(ΦМ) - се менува фазата на
носителот по закон кој го диктира модулациониот
сигнал (амплитудата не се менува)
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Фазна модулација(ΦМ) - се менува фазата на носителот
по закон кој го диктира модулациониот сигнал
(амплитудата не се менува)
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
FM и ΦМ со заедничко име се нарекуваат аглова
модулација (UM).
Модулираниот сигнал е со импулсен облик; носителот е
периодична низа на импулси
Импулсно амплитудна модулација (IAM) – се менува
амплитудата на импулсите на носителот
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Импулсно ширинска модулација (ITM) – се менува
траењето на импулсите на носителот
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Импулсно положбена модулација (IMP)- се менува
положбата на импулсите на носителот
Модулационен сигнал
Носител
Модулиран сигнал
Постојат посебни импулсни модулации кои се добиваат
со специјални постапки и се нарекуваат дигитални
модулации. Тука спаѓаат импулсно кодна модулација
(IKM), делта модулација (DM) и диференцијално
импулсно кодна модулација(DIKM).