Превземи материјал

Download Report

Transcript Превземи материјал

Завоен материјал
Поим за завојни материјали
Завојните материјали служат како помошни средства во
медицината и се користат за третирање на рани од
различна природа. Тие се нанесуваат на повредените
и заболени места со што го заштитуваат повреденото
место, го покриваат или пак служат како адсорбенси
и атстрингенси. Во завојни материјали се вбројуваат:
газите, тупферите, компресите, тампоните, ватата,
завои, хируршките конци, оксидираната целулоза и
фластерите.
Газа

Газата е бела памучна ткаенина, мрежеста, мека, лесна,
хигроскопна. Квалитетот на газата зависи од бројот на надолжните
и напречните нитни во 1 cm. Во секојдневната употреба најчесто
се користат со 9 напречни и надолжни нитки.Газата служи за
заштита на раната од инфекција и за впивање на секретите
одрана(крв, гној, серум). Во болничките одделениа газата се сече
на парчиња со различна форма и големина и се подготвува така
да разресените нитки од рабовите се превиткуваат на внатре, за
да кончињата не навлезат во раните и повредите. Од газата може
да се направат: тупфери, газички, компреси, тампони.
Производи од газа
Производи од газа се: очните стерилни облоги, лапаротомични крпи,
стерилни марли компреси, нестерилни марли компреси и хигроскопни
гази.
Очните стерилни облоги се изработени од 100% висококвалитетен памук
покриен со хигроскопна газа или со неткаен текстил. Се стерилизира со
водена пареа. Имаат елипсовидна форма која одговара на окото. Овие
облоги се користат како преврзен материјал за очите.
Лапаротомични крпи се изработуваат од хигрископна газа тип 17 сплитка
"лито", која одговара на барањата на европскиот стандард EN
14079:2003. Можат да бидат произведени стерилни, со
рентгеноконтрастна нишка, во различни големини и со памучна
навратка. Лапаротомичните крпи се користат како апсорпционен
материјал при лапаротомични и хируршки интервенции.
Хигроскопна газа е изработена од 100 % памучна волна тип 17. Може да
биде изработена во различни големини, да биде стерилна или
нестерилна. Се користи како преврзен и апсорпионен материјал
Производи од газа
Стерилни марли компреси се изработуваат од хигроскопна газа
тип 17. Се стерилизираат со водена пареа. Можат да бидат
направено од рентгеноконтрасно влакно. Се употребуваат при
хируршки интервенции, за чистење и обработка на рани, како
завоен материјал. Обезбедуваат максимална заштита на
раната.
Нестерилни марли компреси се изработуваат од хигроскопна
газа тип 17. Можат да бидат направено од рентгеноконтрасно
влако. Се користат како завоен материјал за чистење и
дезинфекција на пределот околу раната. Подлегнуваат на
стерилизација во болнички услови па затоа се користат и при
хируршки интервенции.
Производи од газа
Хигроскопна газа
Лапаротомични крпи
Нестерилни марли облоги
Очни стерилни облоги
Стерилни марли облоги
Тупфери
Тупферите се подготвуваат од повеќе слоеви газа исечени на парчиња со
големина од 6џ7см,12џ12см, 17џ17см. Овие парчиња газа се свиткуваат
вотриаголник, а потоа аглите на триаголникот се вовлекуваат еден во
друг. Газатаможе да се обвитка и околу прстите, а слободниот крај да се
преврти и вовлече во
направениот џеб. Тупферите се употребуваат за бришење, чистење на
кожата иткивата од нечистотија, крв и за впивање на секретите од
раната. Тупферите седржат со инструмент (пинцета, пеан, кохер).
Приготвените тупфери се виткаат вовреќички од газа(по 50 парчиња) и
се редат во барабани за стерилизација. Секогашсе користат стерилни
тупфери
Компреси
Компреси се поголеми парчиња газа (70џ50см или 70џ40см) кои се
превиткуваат неколку пати и се употребуваат за впивање на
секрети и крв за време на операциите
Тампони
Тампони
се долги и тенки ленти од газа што се употребуваат за сопирање
накрварење во длабоки и тенки канали. Пример
тампонада на нос. Се сече газа соширина 4-10см, а должина 23м од неколку слоеви. Лентите се виткаат во ролни се врзуваат
со конче и се редат во барабан за стерилизација. Уште се
викаат и штрајфни
Вата
Ватата се изработува од памук и целулоза или пак мешавина од
двете и не се става директно на рана, но се завиткува во газа.
Се користи над газите кај рани како добар впивач и изолатор.
Обично ватата се користи како нестерилна во мали тркалезни
парчиња за дезинфекција на кожата пред разни интервенции
Завој
Завој се користи или за поддршка на медицински уред како што е
облекување или шина, или самиот да обезбеди поддршка за
телото. Завоите се достапни во повеќе видови од генерички
ленти до завои со специјализирана форма наменети за одреден
екстремитет или дел од телото иако завоите често можат да
бидат импровизирани во зависност од ситуацијата во коај се
барани. Од најчестите видови завои ги среќаваме се: газа
завојот, триаголниот завој, завојот во вид на цевка, порозна
микро касета, комресиониот завој, еластичен завој и ортопедски
завој.
Видови на завој
Газа завојот е најчестиот вид на завој кој претставува
наједноставен волнен или памучен завој кој може да биде со
различна големина и должина. Може да се користи за повеќе
видови на преврски на различни места.
Видови на завој
Тријаголен завој е парче ткаенина исечено во вид на правоаголен
тријаголник. Се користи за специјални апликации како на пр. за
рака, за глава...
Завој во вид на цевка се пименува со помош на апликатор и е
вткаен во постојан круг. Се користи при шинувања на
екстремитетите и го запира крварењето.
Порозна мирко касета се состои од хипоалергенско лепило.
Лесно се кинат со цел да се постигне посакуваната должина.
Пермеабилна е за воздухот и водената пареа. Обезбедуваат
добра заштита и удобност на повреденото место.
Видови на завој
Компресиониот завој е шроко користен особено за долготрајно
тертмани. Стабилноста на овој завој создава многу висока
отпорност на истегнување кога се создава притисок од страна
на внатрешната мускулна контракција при движење.
Ортопедскиот завој е завој кој се користи во комбинација со
безводен гипс при разни фрактури со цел да се обезбеди
имобилизација на екстремитетот.
Еластичен завој тоа се најчесто еластични ленти кои се користат
за имобилизација за екстремитетите.
Хируршки конци
Разни видови на материјали можат да се користат за да се затвори
една рана што зависи од видот на раната, нејзината локација
како и длабочината. Материјалот може да биде посебен лепак,
животински протеини и сл. Но најчесто материјалите со кои се
затвораат раните се изработени од полиестер, свила, најлон или
пак нерѓосувачка жица од челик. Техники на шиење на рани се во
вид на плетенка, обичен, монофиламент. Видови на хируршки
конци: апсорбирачки и неапсорбирачки. Апсорбирачките конци се
раствораат во телото и не мора да се отстрануваат. Можат да
бидат изградени од колаген или пак од полимерни кондензати на
гликоната или млечната киселина. Хируршките конци имаат
неколку карактеристики: единствен дијаметар, точно определена
големина, стерилни се, безбедни се, имаат определена цврстина,
ослободени се од иританси и нечистотии.
Оксидирана целулоза
Оксидираната целулоза претставува целулозна киселина во облик на
газа. Се користи како хемостатик при операции. Има изразен
афинитет кон хемоглобинот. Стерилната апсорпциона супстанција
припремана со оксидација на памукот содржи не помалку од 16%
и не повеќе од 22% на карбоксилна киселина. Се пакува со двојна
обвивка со цел да не се предизвика секундарна контаминација.