Energy Savings Day КАМПАЊА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

Download Report

Transcript Energy Savings Day КАМПАЊА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

Заштеда на енергија
Ден на акција
Energy Savings Day
КАМПАЊА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
• На 25.04.2014год. О.О.У.“Мирче
Ацев“ спроведе кампања за
заштеда на енергија. По тој
повод беа спроведени повеќе
активности. Координатори на
реализираните активности беа
Гордана Насковска (во предметна
настава) и Сузана Поповска (во
одделенска настава).
Беа спроведени следните
активности:
•
пишување на лични творби на тема “Заштеда на енергија“
•
читање на лични творби и едукативно предавање за енергија на разглас
•
уредување на еко пано со лични творби
•
изработка на постери со слики и пораки за штедење на енергија
•
изработка на флаери со совети за рационално користење на енергијата
•
делење на флаерите на месното население
•
изработка на транспаренти со пораки за штедење на енергија
•
прошетка на ученици (облечени во зелени маици и капчиња) низ населбата
Ѓорче Петров со транспаренти за да се подигне јавната свест за потребата од
штедење на енергија
•
исклучување на компјутерите и светлата во сите училници и холови 40 мин.
(во прва и втора смена)
лични творби на тема
“Заштеда на енергија“
едукативно предавање за
енергија на разглас
уредување на еко пано со
лични творби
изработка на постери со слики и
пораки за штедење на енергија
флаер со совети за рационално
користење на енергијата
ШТЕДЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА! ТАКА ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ ПАРИ!
НО УШТЕ ПОВАЖНО,
ЌЕ ЈА ЗАШТИТИТЕ СВОЈАТА ПЛАНЕТА!
О.О.У. “Мирче Ацев“ ве советува како рационално да ја користите енергијата!
- Гасете го светлото која ја напуштате просторијата, па макар и за кратко!
- Изолирајте ги вратите и прозорците!
- Кога ви е ладно, облечете потопла облека, наместо да го вклучувате
греењето посилно!
- Затворајте ја вратата од фрижидерот најбрзо што можете!
- Ставете завеси на прозорците. Тие во зима ја чуваат топлината внатре, а
во лето не и дозволуваат да влезе внатре!
- Ставете алуминиумски фолии зад радијаторите за да ја задржите
топлината!
- Користете ја сончевата енергија со ставање на соларни панели!
делење на флаерите на месното
население
изработка на транспаренти со
пораки за штедење на енергија
прошетка на ученици низ населбата Ѓорче
Петров со транспаренти за да се подигне јавната
свест за потребата од штедење на енергија
исклучување на компјутерите и светлата во
сите училници и холови 40 мин. (во прва и
втора смена)
ДА СУМИРАМЕ
•
•
•
•
Спроведувајќи го Денот на акција дадовме придонес во
Заштедата на енергија на повеќе начини:
Вклучивме 840 ученици и 65 вработени од нашето училиште
во дирекна едукација за Заштеда на енергија
Нашите ученици поделија 180 флаери за Заштеда на енергија
на локалното население
Повеќе од 300 луѓе ги видоа пораките за Заштеда на енергија
со која учениците од Еко клубот прошетаа во локалната
средина
Со ислкучување на електричната енегија два пати по 40 мин.
заштедивме 13,6 kWh електрична енергија, а атмосферата ја
спасивме од 12,444 kg CO2. (просечната годишна потрошувачка на електрична енергија во нашето
училиште е 89 604 kWh годишно, тоа е 245,5 kWh дневно или 10,2 kWh на секој час).
Известување
За спроведување на активностите по повод Денот на
акција- Заштеда на енергија ги известивме:
•
•
•
•
Локалното насление преку соопштение
Учениците и вработените преку училишниот разглас
Локалната самоуправа
Детските весници Наш свет и Развигор
• Училишната емисија Голем одмор на МТВ
• Локалните телевизии МТМ и ЕДО
• Активностите се објавени на училишната веб
страна www.oumirceacev.edu.mk
Изработиле:
• Гордана Насковска, координатор
• Сузана Поповска, координатор
• Членовите на Еко клубот при О.О.У. Мирче
Ацев- Скопје